„Постојат три работи кои се најтешки: челикот, дијамантот и познавањето на самиот себе“, напиша Бенџамин Фреклин. Неговиот совет беше: Набљудувајте ги луѓето околу себе, но најмногу набљудувајте се себеси.
Ако во мементи на напнатост и конфликти, се набљудувате себе и луѓето околу вас, ќе забележите како луѓето ги предизвикуваат зборовите на други луѓе, нивниот тон и нивните дела. Во секоја кавга во која учествував, без разлика дали била брачна, канцелариска или граѓанска, реакцијата секогаш беше иста: „Зошто го нападна“?, „Зошто тој ме нападна?“. И така во круг.
Кога реагираме ние паѓаме во замка наречена „тројна А замка“: ние напаѓаме, ние избегнуваме или ние се прилагодуваме. Или користиме комбинација од овие три постапки. Можеби започнуваме со прилагодување, но бидејќи не можеме многу да трпиме, веднаш напаѓаме. Кога тоа ќе ни предизвика главоболка, повторно се прилагодуваме.
Ниту една од овие три реакции не ни оди во прилог. Кога ќе започнете „борба“ крвата од мозокот се спушта до екстремитетите и се намалува способноста за размислување. Забораваме која ни е целата и работиме спротвино од нашите интереси. Кога реагираме, можеме да ја промениме ситуацијата.
Но, сепак имате избор. Не мора да реагирате, набљудувајте се самите себе. Во своите лекции го нагласувам концептот „заминување на балкон“. Балконот е метафора за ментална и емоционална перспектива, смиреност и самоконтрола.
Се сеќавам на една политичка кавга, кога пртседателот на земјата ми викаше бидејќи не сум ги открил триковите на политичккиот противник. Она што ми помогна да останем смирен е што успеав да посветам внимание на своите чуства и мисли.
Кога низ главата ќе ви помине некоја мисла или емоција: да ја идентификувате или да ви биде идентификувана.
Да се набљудувате самите можеби изгледа лесно, но во принцип е тешко, посебно кога станува збор за некој тежок разговор или преговарање. Неодамна, еден директор ми рече: Се гледам себе си како смирена личност.
Неодамна, се сретнав со приказна на една мајка која се повеќе е фрустрирана околу своето четиригодишно дете. Таа сака да има близок однос со својот син, но неговата одбивност предизвикува лоши реакции кај неа.
„Во исто време сум преплашена и воодушевна од откривање на моите чуства, повеќе посветувам внимание на тоа како изгледам кога чуствувам нервоза. Бев на емотивна крстосница, каде што едниот пат водеше кон смиреност, а другиот кон нервоза. Во некои моменти чуствував дека бесот е најубаво чуство, пишува мајката Шарлот.
Ако Шарлот се препушти на бесот, нејзиниот син ќе се дестанцира од неа за да се заштитит. А доколку остане смирена може да ја исполни целта, а тоа е да има близок однос со синот.
Да се набљудувате самите себе не е лесно, посебно не во конфликти. Со вежбање ќе станете подобри. Совршено би било балконот да не биде место кое ќе го посетувате од време на време, туку место каде што често ќе одмарате. Во интеркација со луѓето, може да научите да бидете актер во драма која ја гледате од балкон. За тоа треба да вежбате, но мора да живеете смирен живот, ќе имате ефикасен однос со луѓето и лесно ќе ги остварите вашите цели.