ОТВОРЕНО СО ПАНЧО: Тешко е да се одржи еден брак
Tекстописец и автор на љубовни песни, хип-хоп и аренби диџеј, горд (аеро) дромец и навивач на МЗТ. Владимир Блажев - Панчо или Диџеј Шорти Пи е искрен и отворен соговорник, музички патриот кој од срце ја брани домашната музика и нејзините вредности, омилен кај колегите и колешките. Со неговиот колега Андреј, во мај годинава направија концерт за паметење, славејќи го 15 годишниот јубилеј на ДНК во Метрополис Арената во Скопје. Третиот албум на ДНК „Уште еден ден“ е нивното најзрело остварување, а најавуваат уште изненадувања за следната година. Приватно, Панчо е посветен татко на Андреја и на Марјан. Меѓу муабетите за музиката, болката за загубата на неговата мајка, се провлече и оној најчувствителниот, дали е вистина она што се зборува, дека Панчо се разделува од сопругата Маја?
Женски Магазин - Во кој момент настана песната „Уште еден ден“ - посветена на твојата мајка?
Панчо-Веднаш откако почина. Му се јавив на Лазе (нашиот продуцент Лазар Цветкоски) и му реков дека мора да дојдам и да ја извадам цела моја тага на хартија. Текстот го напишав речиси во еден здив, а Лазе отсвире се на самото снимање и направи според мене страшно добар аранжман полн со емоција. Слушнете ја внимателно отсвирената соло гитара, и ќе чуете колку плач и тага има во неа. Благодарен сум му доживотно, а од друга страна би сакал никогаш да не мораше да ја напишам. [caption id="attachment_4487" align="aligncenter" width="576"] И ја посвети песната „Уште еден ден“ и на концертот со многу емоции ја испеа за својата покојна мајка. - Панчо со фотографија од мајка му Каќуша[/caption]
Женски Магазин - Кога ќе помислиш на мајка ти, на што прво се сеќаваш, што најмногу ти недостасува?
Панчо - Сѐ, буквално сѐ. Имавме чуден однос, јас бев дифтар, но таа секогаш беше полна со разбирање. Ми фали тоа да ме праша: Буби стаса? Кога ќе се вратев доцна од некој настап. А прво што секогаш се сеќавам е на нејзината смиреност, сталоженост и секогаш збор кажан на вистинско место. Ми фали многу тоа е факт но знам дека е на поубаво место. [caption id="attachment_4467" align="aligncenter" width="640"] Среќен сум што Андреја сака спорт и во моментов тренира фудбал, а Андреја е маалска маскота што значи дека има големи шанси да тргне по моите стапки. - Панчо со синовите[/caption]
Женски Магазин - Како се чувствуваш кога ја гледаш твојата сопруга Маја кога се грижи и ги воспитува вашите синови? [gallery size="large" ids="4475,4472,4474"]
Панчо - За Маја можам да кажам дека се грижи перфектно за децата и имам само пофални зборови околу тоа.
Женски Магазин - Чаршијата почна да зборува дека се разделувате со Маја. Има ли вистина во тие муабети и ако има, веруваш ли дека има надеж да ги решите проблемите?
Панчо - Мислам дека чаршијата треба да си ги гледа своите проблеми или да слуша повеќе македонска музика и да ужива во животот.
Женски Магазин - Колку е тешко за тебе, со професија која бара многу отсуства од дома да се одржи еден брак?
Панчо - Тешко е многу. Тешко е и за едната страна и за другата. Потребно е многу разбирање, толеранција и доверба. Во секој случај жртвувањето е обострано во такви бракови. [caption id="attachment_4469" align="aligncenter" width="640"] Со постариот син Андреја на фудбалски натпревар[/caption]
Женски Магазин - Какви деца се Андреја и Марјан, кои свои особини препознаваш кај нив?
Панчо - Скромни и дружељубиви. Драго ми е дека се воспитани и лично јас имам некои принципи кои пробувам да ги имплементирам врз нив додека се мали. Деца како деца палави се и сè уште е рано да препознаам мои особини во нив, бидејќи Андреја е 6,5 години, а Марјан е 2,5. Среќен сум што Андреја сака спорт и во моментов тренира фудбал, а Андреја е маалска маскота што значи дека има големи шанси да тргне по моите стапки. Тоа значи тешко мене, но нека се живи и здрави. Како ќе старееме без проблеми, нели? [caption id="attachment_4482" align="aligncenter" width="640"] Ја сум многу поодговорен, а Андреј е поразумен, бидејќи е по повлечен. - Панчо и Андреј на концертот на ДНК во мај во Скопје[/caption]
Женски Магазин - Дали со Андреј сте задоволни како кај публиката помина албумот „Уште еден ден?“
Панчо - Од страна на вас новинарите е оценето како едно од нашите најзрели проекти. Реално сме презадоволни, но секогаш велиме дека може и подобро. Штом сме гладни за музика заедно со нашиот трет член на „ДНК“ и продуцент Лазар Цветкоски, очекувајте уште подобро од нас. [caption id="attachment_4465" align="aligncenter" width="576"] Веднаш откако почина мајка ми, му се јавив на Лазе и му реков дека мора да дојдам и да ја извадам цела моја тага на хартија. - Панчо со продуцентот Лазар Цветкоски кој го нарекува трет член на ДНК[/caption]
Женски Магазин - Што е тоа ново и уште подобро?
Панчо - До крајот на ноември ќе излезе ДВД од концертот кој го одржавме во преполната Метрополис арена на 12 мај годинава, нова песна и спот со наслов „Плачам“. Во април следната година излегува албум „Најдоброто од ДНК“ со плус една нова бонус песна.
Женски Магазин - По што најмногу ќе го памтите концертот за јубилејот на ДНК за кој зборуваш?
Панчо - По тоа што го направивме во вистинско време на невреме со оглед на политичката состојба и наелектризираност во државата, а сепак имавме 7.000 луѓе и преполна Метрополис арена. Бескрајно сме им благодарни на сите фанови и луѓе кои ни ја дадоа неизмерната поддршка и направија да се чувствуваме како повторно да сме се родиле. Ќе го памтиме по љубовта, која ја добивме од сите вас новинарите со мал број на небитни исклучоци. Ќе го памтиме дефинитивно по убаво.
Женски Магазин - Како функционирате Андреј и ти како дуо, околу што не се согласувате, кој од вас двајца е поодговорен и поразумен?
Панчо - Па штом сме 15 години заедно и плус 2-3 надвор од „ДНК“ значи сме нашле некое НЗС. Ја сум многу поодговорен па така се шегуваме со другарите наши кога Андреј ќе си го заборави детето негде, хахаха. Поразумен можеби е тој, бидејќи е по повлечен. Јас сум тој што секогаш презема критики од јавноста но и тој што секогаш остро критикува без влакна на јазикот. Како и да е, тука сме еден за друг во секое време без оглед на тоа што ретко се дружиме приватно, сепак си имаме свои обврски и задачи и разно-разни други проекти независно од „ДНК“.
Женски Магазин - Гласно ги критикуваш честите гостувања на пејачите од соседството кај нас. Зошто толку ти пречат?
Панчо - Не ми пречат воопшто, туку ми пречи разликата во хонорарите кои газдите или глаучите им ги исплаќаат на нив, а кога станува збор за македонски артист се ценкаат до последно, дури и не омаловажуваат од типот дека се замислуваме дека сме не знам што. Во состојба се да даваат брда и долини за нашите соседи а за нас трошки. Се караат за расходи и се бунат за Рајдер листите, а на соседите од пиле млеко им даваат. Епа, „ДНК“ од пред некоја година има друга политика и верувам дека ќе истраеме на истата. Да, факт е, чиниме многу но убеден сум дека го заслужуваме истото. Вложуваме, не се наметнуваме, и даваме сѐ од себе на сцената заедно со нашиот бенд кои брои девет члена со сѐ нас двајца, и плус еден тонец. Девизата ни е „ко воли нек изволи“ а ние ќе продолжиме да работиме. [caption id="attachment_4468" align="aligncenter" width="576"] Блиска пријателка и соработничка - Панчо и Тамара[/caption]
Женски Магазин - Со оглед на хип-хоп и аренби музиката која ја работиш, се изненадив кога на Фејсбук видов дека постираш песни од Оливер Драгојевиќ, велејќи дека тој е балканскиот Стиви Вондер. Која негова песна ти е омилена?
Панчо - Оливер ми е дефинитивно број еден поп-шлагер артист од бившите Ју простори. Јас го нарекувам балканскиот Стиви Вондер. „Брод у боци“ ми е омилена заедно со уште неколку: „Цесарица“, „
Женски Магазин - Со кого од колегите на домашната естрада си скаран?
Панчо - Со никого. Можеби тие се скарани со мене, но јас немам кавга колку што памтам со никого. Па на ова „прдеж“ место треба само да се поддржуваме и да постираме на социјалните мрежи песни секој од секого, а не да се караме. Можеби и годините си го прават своето, но и успехот кој сме го постигнале со макотрпна работа низ сите овие години по страшно трнлив пат и без ничија помош. [caption id="attachment_4473" align="aligncenter" width="658"] Панчо со колешката Елена Ристеска на снимањето на спотот за дуетот „Како да се радувам“. - Елена го нарекува брат од друга мајка[/caption]
Женски Магазин - Знаеме дека Елена Ристеска и Тамара ти се блиски другарки, и уште неколку од нашите поп-пејачки. Да не ти е пријателка, со која од твоите колешки би можел да се замислиш во врска?
Панчо- Те обожавам за прашањево. Да, дружам доста со гореспоменатите, но и со уште неколку други. Не би ти открил да не ми се налутат. Вака ќутенката, па ако испадне нешто прво ќе дознаеш ти, еве јавно ти ветувам.
Женски Магазин - Генерално, какви жени те привлекуваат?
Панчо - Мирни, сталожени, паметни, амбициозни и оние со големо трпение и нерви. Исто така мора да се искрени бидејќи лага не можам да поднесам.
Женски Магазин - Дали го делиш мислењето на некои твои колеги дека дел од домашната естрада е во зимски сон?
Панчо - Осумдесет проценти се, и тоа како. Секогаш велам дека ако седат дома и ако кукаат никој нема да им тропне на врата и да им даде спонзорство. Мора да го сменат мислењето и кон работниот однос но и кон поддршка на колегијално ниво. Жално е што се повеќе ги читам нивните исфрустрирани статуси како Цацко им е крив за се, отколку да им ја репостирам и да ја слушам нивната нова музика. Се надевам ќе се свестат еден ден, ако не им е веќе доцна. За Женски Магазин, Милица Џаровска
Преземање на текстот е можно само со дозвола од редакцијата на Женски Магазин