Пет работи кои не треба да му ги зборувате на партнерот пред детето

Добивај вести на Viber

Кој и да рекол „Не е важно она што го зборуваш туку она што го правиш“, никогаш немал деца. Децата учат многу од тоа како комуникацијата фунцкионира набљудувајќи ги своите родители во интеракцијата. Неколку експерти за односи издвоиле седум фрази кои не би смееле да се употребуваат во комуникација со партнерот во присуство на децата: 

1.Премногу се чувствителен/чувствителна Генерално, никој нема право да и говори на друга личност како да се чувствува. Оваа лоша навика праќа лоша порака за децата.
2. Не ме интересира „Ако вашиот партнер ве праша за мислење или идеја, фрази како „не ме интересира“ праќаат сигнал дека не сте заинтересирани за она што има да го каже. Тоа треба да го правите секогаш на попристапен начин, велат психотерапевти. 
3. Зафатен/а сум Луѓето се поврзани повеќе од никогаш досега, а повторно осамени . Зборувајќи дека сте зафатени или немате време додека истовремено работоте нешто друго, како допишување, или одговорање на меил, додека партнерот се обидува да добие повратна информација од вас-прави да се чувствува осамено. Овие фрази се исто така лоша порака за децата, правејќи дека не се доволно важни за вас. 
4. Ти реков Овој израз не помага во ниту еден однос па така ни дома, објаснуваат советници за бракови. Можеби изгледа безопасно да му се каже да партнерот дека вие сте во право, а тој-таа не е, но децата така добиваат порака дека секоја комуникација во тоа има цел да покажете дека сте во право и дека целта е да ја контролирате ситуацијата наместо постигнувања на заедничка цел. 
5. Погледни што направи Оваа фраза подразбира дека грешката сама по себе е голема работа, што е неконтролирано и непристојно. „Намесно тоа, фокусирајте се на тоа како грешката може да се поправи на задоволтво на сите, вели советникот Џонатан Бенет и додава како грешките секогаш треба да се сфатат како прилика за учење наместо да се сфаќаат како „неуспех“.