Премногу кафе може да го наруши спиењето, бидејќи го разредува крвотокот, може да ја зголеми анксиозноста, да предизвика срцева слабост или да го зголеми крвниот притисок - но се чини дека исто така има некои прилично важни здравствени придобивки.
Кафето е еден од омилените пијалоци ширум светот, а во едно истражување во кое учествувале 3000 луѓе, дури 62% пијат кафе.
Тоа не е изненадувачко, бидејќи луѓето не можат да функционираат без кафе.
Луѓето кои што пијат повеќе кафе живеат подолго време, а ризикот за смртта се намалува од 8 до 15 проценти. Некои истражувања покажале дека кафето може да го намали ризикот од појава на дијабетес, болест на панкреасот и сл.
Според студиите направени во Велика Британија ако поради алкохол имате оштетувања на црниот дроб, пиењето кафе може да има позитивен ефект.
Вкупно 430.000 луѓе учествувале во истражување, а резултатите покажале дека две шолји кафе на ден го намалува ризикот од појава на цироза на црниот дроб. Симптоми за цироза може да бидат умор, гадење, намален апетит.