,

Почнува Скопскиот џез Фестивал

Добивај вести на Viber

Скопје од денес домаќин на најновото 36. издание на Скопскиот џез-фестивал. И ова издание е со богата понуда од врвни џез-музичари од САД, Европа и од Африка. Како ексклузивен концерт, организаторот го посочува настапот  на една од најдобрите џез-пејачки во светот, Ди Александер, на која ова ќе ѝ биде единствен концерт во Европа. Покрај неа, на фестивалот ќе настапат Марк Рибо со проектот „Јанг Филаделфијанс“ и Стив Колмен со „Фајв елементс“. На годинешниот џез-фестивал ќе гостуваат „Трондхејм џез-со својот квартет, а ќе дојдат и триото на Давид Хелбок и „Интерзоне“ на Марио Ром. Во полноќната програма на фестивалот ќе настапат афробит-легендите Орландо Џулиус и „Хелиоцентрикс“ и Ентони Џозеф со својата група, а настап ќе има и италијанскиот џезер Роберто Отавијано. Концертите ќе се одржуваат во Македонската опера и балет во 20 часот, а полноќните концерти ќе се одржат во дансинг-салата на Младинскиот културен центар. Годинава од Скопскиот џез-фестивал најавуваат и дополнителна програма составена од проекции на два документарни филма и една мултимедијална презентација.