Семеен Албум,
Семеен Албум
ПРЕЗЕНТЕРКА СЕ ПОРОДИ ВО ПРОГРАМА ВО ЖИВО: Слушателите избраа име за детето
Кесиди Проктор, aмериканската радио презентерка се породи во програма во живо.
Taa работи во радио станица од Сент Луис, Мисури и сакала да го сподели моментот на раѓање на нејзиниот син со слушателите.
Таа дозволила публиката да избере име за бебето со телефонско гласање. Најмногу гласови имало за името Џејмисон кое е избрано меѓу 400 предлози.
Keсиди се породила со царски рез, а медицинската сестра цело време го држела телефонот додека презентерката го коментирала сопственото породување. Во исто време биле отворени и телефонските линии за коментари на слушателите. Проктор вели дека имала прекрасно искуство.