,

Премиера на циклусот за пијано „После дождот“ од Дарија Андовска

Добивај вести на Viber

Во сабота, 28 октомври во склоп на интернационалниот фестивал „: Novae Musicae“ при Софиската филхармонија во Бугарија, ќе се одржи концертот со назив „Жени во црно и бело - музика за пијано од композиторки кои треба да ги знаете“, на кој својата светска премиера ќе ја има циклусот за пијано „После дождот“ од Дарија Андовска. Дарија Андовска е трипати последователно номинирана и двапати добитник на наградата „Виртуоз“ за најдобар композитор во Македонија, прогласена за „Истакнат уметник на град Цирих“, избрана меѓу шесте најдобри млади композитори во Европа за проектот „MusMA - Music Masters on Air“, а нејзините дела се изведувани и наградувани во Македонија, Бугарија, Србија, Црна Гора, Босна и Херцеговина, Белгија, Хрватска, Словенија, Швајцарија, Италија, Германија, Грузија, Франција, Англија, Ирска, Данска, Шведска, Норвешка, Украина, Шпанија, Азербејџан, Австрија, Албанија, Русија, Мексико, Канада, Грција, Чешка, Полска, Романија, Ерменија, Турција, САД, Кина.