Италијанскиот гигант во производството на луксузни модни производи Gucci потврди денеска дека минатата недела во канцелариите во Италија се направени претреси.
-Судските власти започнаа истрага за сомневањата дека компанијата затајува данок, објави францускиот печат.
Според италијанскиот весник „Стампа“ миланското обвинителство се сомнева компанијата Gucci дека со години правела активности, водени во Италија, и на тој начин ја оштетила италијанската државна каса со 1,3 милијарди евра непријавени даноци.
Истражувачите велат дека имаат сведоштво од поранешен вработен кој бил отпуштен. Најмалку три дена минатата недела тие правеле претреси во новиот ултрамодерен центар на Gucci во Милано и во други канцеларии на компанијата, тврди италијанскиот весник.
Gucci не е првиот моден гигант што го истражуваат италијанските власти од истите причини.
Во 2013 година Prada беше принудена да им исплати 470 милиони евра на даночните власти во Италија, откако во текот на 10 години префрлала во странство приходи од бизнис во Италија, потсетува АФП.
На ист начин италијанската каса прими во последниве години 318 милиони евра од Apple и 306 милиони евра од Google. Од истите причини постојат тековни истраги против Амазон и Фејсбук, соопшти францускиот печат.