Проблемите на децата се одраз на проблемите на родителите

Добивај вести на Viber

Ако во домот членовите недоволно го слушаат и разбираат детето, тоа ќе почне со симптоми така што ќе создава проблеми за возрасните и тие нема да можат да го поднесат. Детето како да говори „Потребно ми е вашето внимание и грижа“ или „Тато и мамо, немојте да се карате, сакам да бидете заедно затоа што ве сакам“. Често родителите се чудат од каде кај нивните синови и ќерки се појавуваат проблеми. На пример детето е чудно, не учи, немирно е, агресивно е, доаѓа во конфликт со наставниците и учениците во училиште, или пак е премногу срамежливо и има стравови. Со тие симптоми на детето секој родител мора да се соочи. Повеќето од нив се проблеми кои потекнуваат од семејството во кое детето живее. Ќе ви наведам два примери од пракса. На консултација со психолог доаѓа мајка со дете од 13 години кое редовно заминува од куќата и не се враќа со денови. Тој е по компјутерски клубови и не може да се одвои од видео игри. Мајката со омраза говори за детето, а постепено окриваме дека детето нема татко и дека е несакано во семејството. Повеќе коментари не се потребни. Или пак доаѓа татко со син кој не сака да учи. Но, потоа испаѓа дека таткото е љубоморен и често се кара со мајката. Бидејќи се плаши од развод на родителите, детето ги навлекува конфликтите на себе. Заради тоа станал „лош ученик“. Многу често заради беспомошност индифицирани пациенти се децата. Затоа родителите треба да размислат што се случува со нивното дете. Во средината на 60-те години направено е истражување за шизофренија во семејството. Како се подобрувала состојбата на болниот, така се влошуваат односите во семејството. Тоа води до заклучок дека лечењето нема да оди лесно затоа што се потребни систематски промени во семејството.