Жените ги сакаат неговите песни. Една од неговите фанови е и самата Анџелина Џоли, со која и работеа заедно на нејзиниот филм „Во земјата на крв и мед“.
Фото Женски Магазин
Хрватскиот актер со холивудска кариера Раде Шербеџија вчера го одржа првиот, а денес вториот концерт во Скопје.
Двата ексклузивни концерта ги одржува во Македонската опера и балет, придружуван од неговиот бенд „Западни колодвор“ од Загреб. Шербеџија во Скопје го промовира новиот албум, кој излезе во октомври.
На скопските концерти настапува со репертоар во кој ги има сите класици како: „Не дај се Инес“, „Мени се душо од теби не растаје“, „Чекај ме“, „Имам пјесму за тебе“ и др.
Каролина, Гаро и браќата Тавитјан и Јана Стојановска се специјални гости на концертите на Раде Шербеџија во Скопје.
Публиката уживаше во песната „Со маки сум се родила“ во изведба на Каролина Гочева.