Развој на детскиот говор според методата Монтесори

Добивај вести на Viber

Развојот на говорот е важен процес кој започнува веднаш со првите допири на новороденчето. Во продолжени ви донесуваме делови од книгата „ 100 активности според методата Монтесори“ од авторката Ева Херман. Првиот збор Пред да ги изговорат своите први зборови, малите деца разбираат се што ќе слушнат. Но, развојот на говорот е најсилен меѓу 15ти месец и три години. Може да им помогнеме да имаат богат и точен речник користејќи правилни термини. На пример, зборот „торба“ може да има повеќе значења: рачна торба, училишна торба, патничка торба.За детето  е важно да го слушне правилното име. Реалноста ќе им биде појасна доколку ги користат правилните зборови за да ја опишат. На децата треба да им помогнеме да ги именуваат своите искуства и секојдневни навики. Изборот на книга Изборот на книгата е важен дел од културата и развојот на говорот на детето. За децата е подобро да имаат книги кои тие ги сакаат, отколку да читаат нешто што не ги интеренсира. Пред третата година, па и подоцна, содржината на книгата треба да биде реална, бидејќи детето сака да го открие реалниот свет. Фантазијата е интересна, но го збунува детето кое не е способно за апстракија. Читање За детето е важно секој ден да му се читаат книги.  Читањето му помага на детето да ја организира мислата и да ја развие фанатазијата. За да детето го засака читањето, неопходно е удобно да се смести. Во просторијата направете си свое катче со перници, мал килим и книги на достапни места. Така, детето ќе ја сфати важноста на книгите и  ќе сака да чита. Реални предмети Малите деца имаат потреба да ги поврзуваат зборовите со предмети кои ги означуваат. Од првата година може да организирате „часови“ на речник собирајќи различни предмети од иста категорија. Изберете тивок момент кога детето сака да ја прави оваа активност и седнете на негов мал килим.Потоа земете предмет во вашите раце, па дајте му го да го проучи. Така ќе го поврзе со неговото сетилно искуство. Фигури Кога детето ќе научи добро да зборува подгответе му површина со мали предмети: чинии, животни, облека за кукли. Така ќе може да воспостави однос меѓу реалниот и малиот предмет. Фотографии и предмети По 18-от месец детето ќе може да поврзува предмети со фотографии. За почеток, ќе му дадете три предмети и три фотографии.  Ќе ја ставите сликата пред детето, а потоа ќе го земете соодветниот предмет и ќе го ставите на фотографијата. За оваа игра, не е неопходно детето да зборува, но треба да знае да се фокусира на одредена активност.