РАЗГОВОР СО ДЕТЕТО – ПРИМЕР НА ДОБРА ПРАКСА
Комуникациските вештини кои детето ги учи ќе влијаат на начинот на кој тоа ќе комуницира во иднина со родителите, со целокупното окружение во неговиот живот. Успешната комуникација е проценка во кој што учествуваат најмалку две личности и никогаш не смее да биде еднострана. Ако доследно комуницирате со своето дете, тоа ќе знае дека за него имате добро мислење и дека му посакувате добро. На тој начин не само што ќе негувате позитивен и квалитетен однос, туку ќе му помогнете на детето да расте, да се развива и живее во склад со своите капацитети. Кога се обидувате детето да го мотивирате да зборува, треба да поставувате т.н отворени прашања. Тие започнуваат пр. како, зошто и сл. Овие прашања го мотивираат детето да одговори со повеќе реченици за разлика од „отворените“, „затворените“ прашања кои почнуваат со зборовите „дали ти“ го обесхрабруваат детето да продолжи да зборува, детето ќе одговара со еден, два збора. Кога во разговор со детето сакаме тоа да се отвори и да каже што мисли или чувствува, клучот на успехот е во слушањето. Родителот не треба многу да зборува, само кратки реченици кои ќе го поттикнуваат разговорот, особено на почетокот од разговорот. Целта е достигнување до точка во која детето ќе се чувствува удобно и слободно да каже се што му е на ум. За да се достигне тој левел кај детето, тоа мора да биде сигурно дека родителот е присутен дека го има неговото внимание. Слушањето без да го прекинувате детето и да донесувате заклучоци и судови е од особено значење. Треба да звучите природно и да бидете соговорник покрај кој разговорот едноставно ќе тече. Кога ќе започне разговор обидете се да не му упаѓате во говорот. На тој начин ќе му дадете до знаење дека го прифаќате и го почитувате како соговорник. Тоа не значи дека прифаќате се што ќе каже, но дека ви е драго дека со вас ги споделува своите размислувања. Бидете позитивни и покажете му на детето дека е прифатено баш такво какво што е преку начинот на кој што разговарате со него.
За Женски Магазин, Ружица Митровиќ-Дипломиран педагог