,

РЕКОРДНА ГОЛЕМИНА: На пациент му е отстранет тумор на мозокот тежок скоро два килограми

Добивај вести на Viber

Секоја чест за индиските лекари. Индиските хирурзи соопштија вчера дека на еден пациент му отстраниле тумор на мозокот со рекордна величина од скоро два килограми. Пациентот Сантал Пал, 31-годишен трговец, е опериран на 14 февруари во болницата во Мумбаи, каде му е отстранет туморот. „Операцијата беше тешка“, рекол началникот на неврохирургија во болницата Тримурти Надкарни и додал дека хируршката интервенција траела седум часа, по што успешно е отстранет тумор од 1,87 килограми. Хирургот рекол дека тоа е најголемиот тумор на мозок кој му е отстранет на пациент. Болниот полека се опоравува, почнал да оди и сам да јаде. Претходниот „рекорд“ на тумор бил од 1,4 килограми.