Подготовка:
Рерната се загрева на 180 °С. Во сад се матат јајцата, шеќерот и путерот додека се добие пенеста смеса. Се додава брашното и сè убаво се мати. Се додава сокот и претходно изренданата кора од портокал. Изматената смеса се става во кружен плех претходно премачкан со масло. Се пече 40 минути. Се декорира по желба.