Подготовка
Јајцето се мати со шеќерот и путерот, па се додава млекото. Во вака подготвената смеса се додава брашното и се замесува меко тесто. Од тестото на набрашнета површина се расукува кора во форма на правоаголник. Кората се премачкува со путерот и се попрскува со циметот и кафеавиот шеќер. Од вака подготвената кора се формира ролат кој се сече на парчиња со дебелина од 1 см. Ролничките се редат во плех обложен со хартија за печење. Се печат во загреана рерна на 180 °С, 25 минути или додека да добијат златножолта боја.