Се трудам барем за викенди сите заедно да ручаме или вечераме, е реченица што често ја слушаме. Факт е дека јадење на иста маса веќе со децении е една од оние работи кои ги зближуваат членовите на семејствата и им даваат можност да разговарат и да споделат радост и тага. Сега една студија докажала дека заедничко ручање или вечерање има повеќе бенефит за развој на децата.
Имено, децата од семејство кои три пати неделно заедно вечераат или ручаат, покажува помала склоност кон зависности и експериментирања со дрога и подобри резулатати имаат во школо.
Животот е исклучително забрзан, но сите би требало да се потрудат заедно со членовите на своето семејство барем неколку дена во неделата да седнат на иста маса и без стрес да уживаат во храната и заедничко поминато време.
Веројатно е дека сите членови на семејството ќе бидат на маса за вечера, со оглед дека поради работа и училишни обврски ручекот често се јаде „од нога“.
Без разлика колку децата биле големи и ни признале или не, ќе уживаат во оние помалку занемарени семејни ритуали на крајот на денот. Ќе имаат прилика да почувствуваат сигурност, прифатеност и внимание, но и малку ќе се опуштат од обврските и стресови насоберени во тек на денот. На иста маса децата можеме да ги научиме на бонтон, да им бидеме добар пример кога сакаме да им покажеме како да се однесуваат во друштво, а тука е неизоставна идејата за важноста на здравата исхрана која можеме да им ја покажеме во пракса и така да им понудиме здрави оброци.
Зошто оваа традиција на заедничко јадење се помалку е застапена? Експертите велат дека тоа се случило пред 20-тина години кога почнало да се поместува работното време. Се подоцна одиме на работа, па и се подоцна се враќаме. Една од причините е и големата понуда на надворешни школски активности кои често се организирани баш во време на вечера.
Кој ќе готви?
Едно е да се соберат сите членови на семејството на иста маса, но и понатаму останува проблем недостигот на време и вечната грижа-но јас не стигнувам да готвам. Иако, насмеани домаќинки на ТВ ни нудат решение во облик на брз оброк кој само го загрееме во микробранова и послужиме за 10 минути, здравје е да се послужи нешто подеднакво брзо, но од сопствена кујна. Она што ни треба, е само малку помош и планирање.
Тестенини, зеленчук, конзервирани мешунки, свежо месо, свежо сирење и слични намирници, се нешто што секогаш би требало да го имаме во фирижидер бидејќи брзо се подготвуваат и тоа на сто начини. Интернетот е преполн со разни рецепти на тема „брзо и здраво“, само треба да ги пронајдеме и проучиме.
Зошто да не ги вклучиме децата во процесот на готвење? Додека тие ја мијат зелената салата на шпоретот се подготвува конзервираната храна, во печка се пече компирот и лесната вечера може да биде готова за половина часа. И онака најздраво е да се јадат свежи намирници, па нема да згрешите доколку ги послужите со ротквици и свежа пиперка, интегрален леб и семејното дружење може да почне.
Вака брзото подготвување на вечерата бара и планирање, но ќе има повеќе наменски бенефити на однесување и развој на деца, затоа секако се исплати. Набрзо заедничката вечера ќе стане омилен настан на денот.
Студијата ја спровел Центарот за истражување на зависности на Универзитетот Колумбија.