Интервјуа // Интервјуа
СЕМЕЈНО СО ВОДИТЕЛОТ НЕНАД ЃОРЃИЕВСКИ: Потајно верував дека ќе имаме близнаци
Партнери се и на работа, во нивната продукција „Хит Медиа“ и дома. Познатиот водител Ненад Ѓорѓиевски и неговата сопруга Горана по седум ипол години во брак, последниве две години имаат сосема поинаков ритам. Нивниот свет сега се врти околу близнаците Љупка и Иво. Токму тие им беа инспирација да ја реализираат детската емисија „Мини вест“, каде што децата одлично се снаоѓаат во улога на професионални презентери и репортери. За Женски Магазин, Ненад раскажа како тој и Горана се организираат околу грижата за близнаците без никаква помош и покрај многуте дневни и ноќни работни обврски.
[caption id="attachment_14682" align="aligncenter" width="640"] Со оглед на тоа дека немаме кому да ги довериме а тие се уште мали нашето излегување без деца е додека се тие во градинка. Но затоа по 20 часот ноќта е само за нас, ама дома.- Ненад и Горана[/caption]
Женски Магазин- Колку имаат Љупка и Иво, како ви поминува дневниот ритам со нив?
Ненад-Близнаците неодамна прославија втор роденден. Со оглед на тоа дека на малите деца им е потребна рутина, а особено што со близнаци по дома тоа е неопходно, се трудиме секојдневно да се придржуваме на истата. Во 7 часот сме сите на „нога“ без оглед дали е работен ден или викенд. Градинка, прошетка доколку временските прилики и воздухот надвор го дозволуваат тоа, и мнооогу играње во нашиот дом. Кога сакаме спортуваме а кога сме мрзеливи имаме креативни минути во цртање или со пластелин. Каде и да сме што и да правиме во 20 часот сме дома во кревет.
Женски Магазин- Во времето кога Горана и ти разговаравте за проширување на семејството, посакувавте ли да имате близнаци?
Ненад- Од секогаш сум им се восхитувал на близнаците а во детството имав и близначки другарки. Секогаш потајно сакав да бидам татко на близнаци и иако кога ја дознавме веста дека Горана е бремена со две во првите две минути ни беше шок. Сепак, од првиот момент сме благословени родители на близнаци.
[caption id="attachment_14681" align="aligncenter" width="781"] Се гушкаат меѓусебно, кога ќе дојдам дома со трчање ми се фрлаат во прегратка.- Љупка и Иво му го честиатаа роденденот на Ненад со порака која ја напиша Горана[/caption]
Женски Магазин- Како се организиравте додека беа многу мали, кој ви помагаше, кој ви помага сега?
Ненад-Бидејќи немаме помош одговорноста и обврските кон нив од првиот ден се само наши. Во првата година имавме среќа едната баба да ни е жива па првите месеци да ја имаме и нејзината поддршка. На почетокот, додека беа сѐ уште мали и нивната исхрана беше на секои 3 часа, и со Горана се организиравме во смени. Со добар распоред и план и денеска успеваме добро да се организираме и максимално да им се посветиме.
Женски Магазин- Можете ли уште од сега да препознаете некои ваши особини кај нив, да им го оцените карактерот?
Ненад- Не знам од каде да почнам со епитети, како и секој родител за своите деца