Во „Кино култура“ вечерва во 21 часот ќе се одржи концерт на македонскиот џез-состав „Сетстат“ и Мирко Попов.
„’Сетстат’ и Мирко Попов е добитна музичка комбинација. Спојката веќе има еден заеднички албум зад себе ( „ Се плашам од Македонци “, ПМГ Рекордингс 2015), а во моментов го промовира новиот ЕП – Лунатика“, велат од ПМГ Рекордингс, кои го организираат настанот.
Според ПМГ Рекордингс, кои го организираат овој настан, влезот за концертот е бесплатен.
Концертот во „Кино култура“ е трет, инаку последен во низата три промотивни концерти, реализирани во рамки на програмата „Македонска џез квечерина“. Реализација ја поддржа Министерство за култура, во рамки на програмата „Нов културен бран“.