СЕ РОДИ ЏИНОВСКО БЕБЕ: Koлку тежи и каде е родено?
Џиновско бебе се роди во Русија.
На свет го донесе жена на возраст од 42 години која веќе има четири деца. Таа овој пат роди девојче со тежина од 5.900 килограми, а мајката се породила дома без никакви анестезии.
Лекарите соопштиле дека мајката и бебето се чувствуваат добро. Портпаролот на болницата каде што е примена жената на преглед изјави дека станува збор за патологија и дека бебето има премногу килограми.
Тој додал дека бебето има проблем со слухот, а предупреди дека други здравствени проблеми може да има и во иднина.
Просечната тежина на европските бебиња е нешто малку поголема од 3 килограми.
Според Гинисовата книга на рекордите, најтешкото бебе што е родено во Италија, и тоа имало скоро 10 килограми. Родено е во градот Аверс во септември 1955 година.