Култура // Концерти
Стинг дојде да ги растрепери нашите срца
Оваа интересна Вага, денес е во Скопје. Неодамна го прослави својот 65 роденден, енергично со своите обожаватели. Роден е на 2 октомври. Сака убаво вино, музика и јога. Тоа го одржува во кондиција.
Легендарниот ветеран на Police и соло изведувач, наградуван со Греми, најпосакуваниот музички оскар дури 16 пати, Гордон Самер - Стинг, пристигна во Македонија.
Вечерва македонската публика, која благодарение на Авалон продукција е вклучена во неговата турнеја, ќе може да ужива во неговите песни. Публиката ќе може да ги слушне песните од неговиот најнов фантастичен албум, но ќе се радуваме и на неговите легендарни хитови, добро познати за секој од нас.
https://www.youtube.com/watch?v=uQGkzqtQiOI