,

Супер трик со кој белките од јајца ќе бидат совршени

Добивај вести на Viber

За да белките од јајцата ви бидат побрзо зготвени, а смесата цврста потребно е претходно садот во кој ќе готвите да го ставите  во фрижидер. Оставете го 10 минути, а потоа започнете со подготовка. Разлика меѓу подготовката на шлаг во ладни услови и собни температури е тоа што на ладна температура на белкате им треба повеќе време да станат цврсти, но шлагот е многу постабилен отколку кога е зготвен во пластичен сад. Истотака, ако јајцата се стари повеќе од три дена се добри за подготовка на шлаг. Кога ќе ги оделите белките од жолчките, внимавајте да не ви капне ни капка од жолчката, бидејќи шлагот и колачите нема да бидат вкусни. Ако тоа се случи, обавезно отстранете  со лажица. Пред да мешате, во белките ставете малку сол, па така ќе добиете цврст шлаг. Прво мешајте со помала брзина, а потоа зголемете ја. Доколку по рецептот треба да ставате шеќер, тоа направете го кога смесата ќе биде поцврста. Шеќерот во прав секогаш е подобар избор. Мајсторите за слатки додаваат и киселини, на пример неколку капки лимон или оцет.