,

Телевизијата за деца е ужасна навика: Контролирајте ја со време

Добивај вести на Viber

Се срамам да признаам, но моето дете е зависно од телевизија. Се започна со неговото будење во 4 часот наутро и тоа беше единствен начин да остане мирен. Современиот начин на живот го зема данокот, па сега се повеќе деца се пред телевизорот. Тоа е активност која стана замена за игра и дружење, без разлика дали тоа вклучува деца или родители. Еве ја приказната на еден уморен родител: - Се срамам о моето дете е зависно од телевизија. Се започна со неговото будење во 4 часот наутро и тоа беше единствен начин да остане мирен. Наскоро мојот двегодишен син почна постојано а прашува дали ќе му го вклучиме телевизорот и секогаш плачеше ако го одбиеме. Се колневме дека тоа е последен пат, од утре ќе престанеме. Но, секој уморен и ненаспан родител ќе ме разбере. Сепак, по некое време сфативме дека мора да имаме стратегија за да го решиме проблемот. Едно утро му го скривме далечинскиот управувач. Прво се бунеше, се лутеше. Но, следното утро се откажа, тоа не беше првата работа кога се разбуди. Изненадувачки беше колку брзо се откажа, како и што се навикна на телевизорот. Сега е добар. Сака да го истражува својот свет, играчките околу себе, па дури и миленици бара, наместо да зјапа во екран цело време. Бидете внимателни со децата. Гледањето телевизија има свој шарм. Магијата ги привлекува децата. Но, мора да има граница пред да биде предоцна.