,

Трикови за витка фигура без разни диети и исцрпувачки спорт

Добивај вести на Viber

За многумина, диетите се некомпатибилни со нормалните животни стилови. Се препорачуваат еколошки методи за подобрување на метаболизмот и ослободување на токсините од телото, што доведува до добра фигура и добро здравје. Можете да го надитрите вашето тело и да го натерате да изгуби тежина ако знаете што да јадете и пиете, како и кои точки да ги масирате. Здравата исхрана е задолжителна, и без неа не се постигнува посакуваниот ефект. Нането го намалува волчиот апетит Добро е во вашата чанта да имате тинктура од нане која се продава во секоја аптека. Во случај на анксиозност, глад или замор, пијте ја ако е потребно. Релаксација преку гимнастика Релаксацијата е корисна за душата и за телото. Ако научите да го слушате ритамот на вашето тело, се концентрирате кон себе, можете да регулирате некои функции на вашиот организам. Седнете на турски начин, ставете ги рацете на бутовите и соберете ги прстите. Затворете ги очите и слушајте го своето дишење, полека и ритмички. Прочистување со ориз Прекумерна тежина се јавува и кога телото насобрало премногу токсини. Во овој случај, сите метаболистички процеси не функционираат правилно. Алтернативната медицина препорачува во такви случаи тридневна диета со ориз. Наутро, за ручек и вечера, јадете го следново: две лажици бел ориз се варат во половина литар вода за еден час, па се додава малку сол. Многу е важно секојдневно да пиете два литра превериена вода. Јогурт или кисело млеко за здрави црева Телото само прави процеси на хранливи материи правилно, доколку цревата се здрави и функционираат беспрекорно. Јогуртот содржи млечна киселина и пробиотици, кои се грижат за добро варење. Бања со јаболков оцет Ако се чувствувате уморни и без енергија, бањата со оцетна киселина ќе ве релаксира и ќе ве расположи. Во вода на 32 степени додадете 300 мл јаболков оцет, па искапете се 15 минути. Ова го подобрува метаболизмот. Масло од лаванда кое смирува Маслото од лаванда мириса добро, релаксира и делува како седатив, посебно ако не можете да заспиете ноќе. Ако сте загрижени за спиење, ставете капка на вашите слепоочници и ќе спиете како бебе. Глуварче против целулит Чајот од глуварче ги отстранува штетните токсини од телото, како и акумулараниот материјал, кој е депонирани како несакан целулит. Ставете две лажици суво глуварче во ладна вода и оставете да се вари пет минути. На крај, нека врие десет минути, прецедете и пијте два или три пати на ден во чаша. Витаминот Ц го стимулира губењето на тежината Пијте секој ден сок од лимон разреден со вода. На овој начин, телото добива доволно витамин Ц и го чува во надбубрежната жлезда. Таму се произведуваат неколку хормони кои го стимулираат слабеењето: адреналин, норадреналин и кортизол. Анти-стрес масажа Рефлексната зона на сончевиот плексус се наоѓа во средината на дланката. Активирајте ги овие зони на двете раце, на пример со мала топка. Ставете ја во твоите малку превиткани раце и масирајте, притискајќи три минути. Чај од босилек против надуеност Ако вашиот стомак отече, треба да пиете чај од босилек. Ставете 2 супени лажици сушен босилек во 200 ml вода што врие, и по 15минути прецедете. Јаболката помагаат во разградување на маснотии Пектинот содржан во јаболката ја спречува гладта. Таа има способност да ги разгради маснотиите и да ги исчисти цревата. Затоа се препорачува да се јаде јаболко меѓу оброците. Сауната влијае релаксирачки на кожата Сауната го релаксира телото и тројно го зголемува метаболизмот во кожата. На овој начин, клетките закрепнуваат побрзо.