,

ТРИ СОВЕТИ ОД ПСИХОЛОГ: Во кои ситуации треба да му простите на партнерот

Добивај вести на Viber

Секој пар кој е во брак има потешкотии, но несогласувањата не значат дека тоа е крај на вашиот однос... Постојат ситуации кога проблемите во бракот се само сигнал кој ви говори на што треба да работите. Американскиот психолог Мајкл Винг вели дека простувањето е клучен фактор за долг и среќен заеднички живот. Секако, кога простувањето доаѓа од двајцата партнери. Прекумерна емоција Ако вашиот сопруг во налет на емоции го подгине својот тон и викне на вас, немојте да брзате да го смирите. Токму тогаш доживува стресна ситуација и неговиот глас не значи дека не ве сака. За да му простите, обидете се да се ставите во негова кожа и замислете како би се чувствувале во моментот кога не можете да ги задржите своите чувства. Кога го сфатите тоа, во вашето срце нема да има место за незадоволство. Психолозите се сигурни дека нема потреба да опростувате физичко или емотивно насилство, како и обиди на целосна контрола. Желба да биде сам После караници, можеби вашиот партнер сака да биде сам за да се смири. На жените во овие моменти најчесто им е потребно друштво. Ако после караница си оди и не сака да ве гушне-не брзајте да извлекувате заклучоци. Само дајте му време да се излади. Недостаток на убави зборови Жените сакаат често да слушаат убави зборови и комплементи од својот партнер. Но, да се соочиме со вистината, многу мал процент на мажи не можат долго да ги изразуваат своите чувства на овој начин. Немојте да бидете навредени поради тоа и добро анализирајте што прави вашиот партнер за вас. Дали се обидува да ви помогне да ги решите своите проблеми? Можеби ви купува слатки, кога сте тажни? Или ви подарува цвеќе? Или , можеби ви подготвува чај или вкусен појадок за вас наутро? Луѓето поинаку ги покажуваат своите чувства и ако вашиот маж се грижи за вас немојте да го вознемирувате и простете му поради малкуте убави зборови.