Животна училница // Семеен Албум
Три јазици кои децата треба да ги научат за да бидат успешни
Истражувањата покажаа дека децата освен англиски јазик, добро е да научат француски, германски или мандарински јазик.
Центарот за економски и деловни истражувања интервјуирал 2000 родители со деца до 18 години.
Освен тоа, интервјуирани се 450 бизнис лидери во Британија.
45% од родителите рекле дека нивното дете не зборува друг јазик, а 19% одговориле дека нивното дете не сака да учи друг јазик.
Еден од десет родители рекол дека за неговото дете е тешко да научи странски јазик.
Се смета дека ако децата научат француски, германски или мандарински јазик за 10 години ќе имаат корист од знаењето кое го стекнале.
Вложувањето во учење странски јазик е вложување во иднината на децата.