УЛИЧНА МОДА: Топ 3 есенски трендови
„Street style“ ѕвездите се градски трендсетери кои сакаат да експериментираат со стилови и комбинираат обични парчиња облека со најновите трендови на сезоната кои се претставени на модните писти. Овој стил подразбира добро дефинирана индивидуалност и недостиг на страв од храбри комбинации. Пред сѐ, уличната мода ја пласираат дами кои не се плашат од мислењето на околината.
Плисирани сукњи
Плисираната сукња стана неопходна во гардеробата на сите модерни жени. Различните комбинации на овој вид на сукњи со масивни џемпери или маички со принтови им овозможуваат на девојките да креираат необични и живописни гардероби кои се погодни за различни прилики. Најмодерни се сукњите во металик бои.
Предимензионирани џемпери
Во текот на неколку сезони овој тренд е на водечките позиции, така да доколку немате, време е да си дозволите голем топол џемпер кој ќе го комбинирате со омилените фармерки, панталони или сукњи.
Одела со панталони
Популарните дизајнери предлагаат оваа есен да заборавите на класичните одела со панталони во необични бои. Исто така, во тренд се одела со силни отпечатоци. Посветете внимание на модели со долги блејзери кои изгледаат сјајно во комбинација со маички.