Утринско кафе со Слободанка Илиевска: Денот ми почнува со музика

Добивај вести на Viber

Денот започнува со музика, обично сакам да слушам балади кога се будам, секогаш уживам во ритуалот турско кафе наутро:). Тоа е најубавиот дел од утрото во мојот дом, го будам Марко првачето:) за во училиште, се подготвуваме и кога веќе излегуваме, започнуваат обврските кои секогаш сакам да ги завршам професионално, без разлика дали сум во добро или какво било расположение. Секогаш давам сè од себе, денот убаво да ми започне. Работата ме исполнува, затоа што ја работам со љубов и целосно и се посветувам. Уживам и во моментите со моите колеги и разговорот со нив за работата, но и за секојдневието:) Мотивација ми е прегратката и насмевката на моето синче, но и поддршката и љубовта која ја добивам од Марко и од мојот сопруг. Во текот на денот имам дневни планови, како и кај секоја жена, сопруг, а мајка. Покрај професионалните обврски во ТВ се размислува и како ќе помине дневниот ручек… Во овој период, најважното поради новогодишната атмосфера ми е купувањето на новогодишните подароци, но и китењето на елката. Се трудам да најдам време и за некој убав третман на лице со оглед на тоа дека често сум пред камера и со шминка:). Денот ми завршува, а најубавото ми е кога пред спиење, си разговараме за тоа како ни поминал денот, но и ги планираме обврските за наредниот. Сакам и прошетки, дружби со драги луѓе. Сакам да бидам во кругот на моите сакани. Често знам да го посетам и мојот роден град Тетово. Не е далеку, па секогаш кога времето ми дозволува, гледам да го искористам тоа за да се видам со моето семејство. Сакам филмови и добра книга. Во моментов топло ви ја препорачувам „Исчекуваната“ од Кејтлин Мек Гован.