,

Филмот „Кога денот немаше име“ со награда од „Мостар филм фестивал“

Добивај вести на Viber

Со доделување на наградите, во Хрватскиот дом „Херцег Стјепан Кошача“ во Мостар свечено е затворен 11-от Мостар филм фестивал во текот на кој се прикажани 40 филмови од 25 земји. Наградата за најдобра женска улога ја доби актерката Мирјана Карановиќ за филмот „Реквием за госпоѓа Ј“, додека Емир Хаџихафизбеговиќ е награден за најдобра машка улога во филмот „Жаба“. Најдобра женска епизодна улога оствари актерката Хана Селимовиќ во филмот „Име: Добрица, Презиме: Непознато“, а најдобар епизоден актер е Иво Крешиќ за улогата во филмот „Мртви Риби“. Наградата за најдобар дебитант отиде во раце на актерскиот ансамбл од Македонија за филмот „Кога денот немаше име“, а е награден и филмот „Рајски апартман“ од меѓународниот програм фестивал „Between the Rivers“.