Стил Профил,
Трендови
(ФОТО) Брижит Макрон: Стилско правило кое првата Француска дама секогаш го почитува
Француската прва дама Брижит Макрон и нејзиниот сопруг, францускиот претседател Емануел Макрон, организирале предавање викендов во рамки на одбележување на Меѓународниот ден на борбата против насилството над жените.
Брижит веќе покажа дека класичните и лежерни парчиња на облека сјајно ги спојува во деловните комбинации идеални за вакви прилики. Овој пат посегна за фармерките кои ги искомбинирала со кошула и палто во црна боја со црни чизми до глуждовите.
Пртиоа го земала предвид правилото за носење „skinny“ фармерки и глуждови кое вели дека работ на ногавицата на „skinny“ фармерките мора да го допира врвот на глуждовите па не смее премногу да се набира на дното.
Ако фармерките паѓаат преку глуждовите и се набираат, тоа значи дека носиме модел на погрешна должина и кои би требало да ги скратиме.