Стил Профил,
Трендови
(ФОТО) Како Меган Маркл стана успешен бизнис за луѓе, кои дури и не ја познаваат
Во чудни времиња живееме. Времето во кое една девојка се вљубува во принц, а фустанот во кој е облечена таа во моментот во кој ја открива нејзината љубов се продава за 16 минути ...
Времиња во кои не се следат постапките, туку нијансата на кармин, бојата на чевлите и фризурата ...
И додека ние го прифатиме сето ова како бура од секојдневието, има луѓе кои ја претвораат хистеријата по Меган Маркл во профитабилен бизнис.
Веќе постои интернет сајт каде што облеката на Меган постојано се следи и се дискутира секоја нејзина појава.
Покрај тоа, постои можност за директно нарачување на иста или слична облека, од која сопствениците на страницата заработуваат.
Иако сме обожаватели на кралските приказни, да пишуваме речиси секој ден за нечија круна, капа или изјава, дури такво експлоатирање на образот на човек, кој дури не го ни познаваш, ни изгледа дека е премногу .