,

(ФОТО) Кејт Мидлтон во креации на дизајнерот Ердем ја освојува Шведска

Добивај вести на Viber

Принцот Вилијам и војвотката од Кембриџ Кејт Мидлтон овие денови се во официјална посета на Шведска и уживаат во големото внимание на домаќините. Медиумите постојано ги следат, а Кејт и понатаму е во центарот на вниманието - на секој чекор се следи нејзиното однесување но и облека која ја облекува согласно приликите. Британскиот пар присуствуваше на гала вечерта која ја организираа шведскиот премиер и неговата сопруга и при таа прилика убавата Кејт блескаше во долга тоалета која ја потпишува модниот дизајнер Ердем. Креацијата со цеветен дезен во основата има златна боја, долги ракави, додека посебен софистициран драж и дава руската крагна, како и преклоп на градите. На приемот од минатата ноќ пак, бремената војвотка докажа дека е модна кралица, со плавиот кадифен фустан со цветен принт исто така креација на дизајнерот Ердем. Кадифениот фустан кој совршено го истакнуваше нејзиното стомаче војвотката одлично го спои со сребрени обетки и Gianvito Rossi D'Orsay Suede црни сандали. За потсетување, Кејт Мидлтон и принцот Вилијам го очекуваат нивното трето дете.