(ФОТО) Професионалниот изглед на Меланија Трамп: Секоја жена треба да го има ова парче облека во плакар!

Добивај вести на Viber

Меланија Трамп била гостинка на расправа за проблемот со зависност од дрога во семејство, како и меѓу деца кои боледуваат од синдром на неонатална апстиненција. На средбите пристигнала во придружба на советничката на претседателот на САД Доналд Трамп, Келиен Конвеј. Првата дама била поканет заа да одржи говор на тема - зависност. 47-годишната Меланија Трамп, која најчесто ја гледаме во женствени фустани и здолништа, на овој настан направила мал моден исклучок. Својот префинет стил го заменила со професионален изглед.  Првата дама изгледала беспрекорно.   Со класична бела кошула, која ја оставила откопчана на последно копче, убавицата која потекнува од Словенија, ја нагласила деловната елеганција со црн струкиран костум, со видливи рабови од бел конец на јаката и странични џебови. https://www.instagram.com/p/BZmeP19laK0/ Згодната прва дама имала и уреден француски маникир, како и совршена фризура, која стана нејзин заштитен знак. Поранешната манекенка актуелниот американски претседател ја запознал во 1998 година, во тек на модната недела во Њујорк. Таа го освоила со својата неодолива словенска убавина,  кој пак и помогна да го освои и срцето на американската јавност, ако  се суди по направените анкети кои покажуваат голема предност на првата дама во однос на омразениот претседател.