,

(ФОТО) Роналдо може да се гордее: Џорџина покажа како се снаоѓа со трите бебиња

Добивај вести на Viber

Избраничката на Роналдо Џорџина Родригез oдлично се сноаѓа во улогата на мајка, а со задоволство ги прегрна неговите три деца, близнаците Ева и Матео, како и осум годишниот Кристијано Роналдо Џуниор. Џорџина во ноември стана мајка, кога на свет го донесе девојчето Алана Мартина. https://www.instagram.com/p/BaUgvJHBKzs/?utm_source=ig_embed&utm_campaign=embed_ufi Гордите родители веднаш споделија фотографија од своето бебе, а згодната мајка повеќе пати изјавуваше во медиумите, дека улогата на мајка и годи, како и дека чувството додека го држи своето бебе во прегратка не би го менувала за ништо. https://www.instagram.com/p/BbeylJghAsX/?utm_source=ig_embed&utm_campaign=embed_ufi Убавата манекенка со задоволство ги прифати трите деца на Ронадло кои на фудбалерот на свет му ги донесоа две сурогат мајки. https://www.instagram.com/p/Bc2zAu6hLj2/?utm_source=ig_embed&utm_campaign=embed_ufi „Децата се извор на нашата радост. Првата работа која ја правиме кога наутро се будиме е топла прегратка со нив. Ги бакнуваме, си играме, се грижиме за нив и кога тие се во прашање, со се сме запознаени. Цел ден сме тука за нив“, рече Џорџина за шпански Хелоу магазин . https://www.instagram.com/p/BeDbnuKHJH_/?utm_source=ig_embed&utm_campaign=embed_ufi На Инстаграм покажа како се снаоѓа со три бебиња, и откри дека сите деца ги одгледува како неразделни браќа и сестри, што воодушеви многумина.