Французинките советуваат како да изгледате убаво и заводливо

Добивај вести на Viber

Ако сакате да се облекувате шик и заводливо, еве што ве советуваат Французинките:

Помалку значи повеќе

Скоро секогаш најголем впечаток оставаат малите парчиња облека. Па, не морате многу да комплицирате при изборот, кусо здолниште секогаш може да заврши одлична работа кога е во прашање првиот впечаток. Сепак Французинките советуваат кусото здолниште да оди во комбинација со ролка, затоа што „помалку“ не значи и „ништо“.

Рамните чевли се вашиот најдобар пријател

Верувале или не, рамните чевли се првиот избор на Французинките, не само заради својот конвенционален практичен изглед, туку и поради удобноста. Секоја жена која што се чувствува удобно во она што го носи на себе зрачи со сексапил и самодоверба.

Додадете впечатлив детаљ

И најобичната ролка може да изгледа супер во комбинација со креативно изработено ланче или чанта со метално ремче преку вашето рамо. Одберете детаљ кој ќе ви помогне да го истакнете својот стил на еден сосема поинаков начин.