Треба да се зголеми количината на вода во бубрезите од 17.00 до 19.00 во периодот на "Yu-Shi".
Тогаш е активен меридијанот на бубрегот. Потребно е да се зголеми количината на вода како би се забрзало отстранувањето на штетни и непотребни супстанци од организмот.
Водата помага да се исчистат бубрезите и бешиката, исто така спречува и болести на бубрезите.
Во периодот на "Shen-Shi" (15:00 - 17:00 ) е активен меридијанот на уринарна бешика. Ова е период на најголемо излачување нечистотии и токсини од организмот, затоа треба да се зголеми количината на пијалоци, како би се забрзала појавата на урина и се стимулира излачување на непотребни и штетни супстанции од организмот.
Во следниот временски период, односно во текот на "Yu-shi" часовите, периодот на најголемо излачување токсини и отрови постепено се завршува, но не запира целосно.
Во цел зачувување на чистотата на бубрезите и бешиката и отстранување на нечистотии од нив, потребно е да пиете чиста вода во часовите на "Yu-shi".Ова е добар начин за одржување на здравјето на бубрезите.
Водата која ја пиеме за да ја чистиме внатрешноста во текот на периодот "Shen Shi", прво се филтрира во бубрзеите, а потоа влегува во бешиката, се претвора во урина.
Меѓутоа, во процесот на филтрирање, во бубрезите остануваат токсини, чие зголемување го зголемува ризикот од болести.
Многу болести, на пример, нарушено мокрење, задржување на урина, воспаление на бубрези или мокрачни канали, камени во бубрези или мокрачен канал се поврзани со овие.
Ако чаша вода во часовите на "Yu-shi" стане ваша навика, ќе ги подобрите вашите бубрези.