,

Шакира откажа дел од нејзините концерти поради проблеми со гласот

Добивај вести на Viber

Шакира беше принудена да откаже дел од концертите од својата светска турнеја поради проблеми со гласните жици, пренесе AFP. Колумбиската пејачка откажала две шоуа во Париз и други две во Белгија, како и концерт во Амстердам по наредба на докторите, соопштија во соопштението на организаторите. Во средата ѕвездата ја откажа турнејата „El Dorado World Tour“ спектакл во Келн, и ги увери своите обожаватели дека ќе има нови датуми во сите земји. „Шакира е многу вознемирена од тоа дека нема да се сретне со своите обожаватели и се заблагодари за целата поддршка која тие и ја даваат во овој тежок период“, се вели во текстот. Се очекува турнејата на пејачката да започне од францускиот град Монпелие следниот четврток, потоа да продолжи со неколку концерти во Шпанија. Оваа недела пејачката, чие богатство се проценува на 260 милиони евра, се покажа како дел од протечените документи за офшор сметки на богатите и познатите „Paradise Papers“. Според Меѓународниот конзорциум на истражните новинари кои го направија откритието таа избегнувала плаќање данок така што ги посочила за своја постојана адреса Бахамите и ги префрлила правата за своите песни на компании во Малта и Луксембург.