Децата често стравувaат од работи кои за возрасните се бесмислени. Но, никогаш не покажувајте им го тоа на децата. Не го занемарувајте стравот и нивната загриженост.
Од раѓање до шест месеци, бебињата може да се исплашат од силен звук или нагло движење.
Со седум месеци детето покажува вознемиреност од долгото отсуство на мајката
По седмиот месец децата се плашат од одредени гласни звуци, од скоро сите непознати луѓе, облекување и соблекување, промена на околината и висина. Многу малечки се плашат од тушот или од дупката за одвод во када.
Со осум месеци се појавува стравот од непознати, посебно жени кои личат на мама.
Околу втората година може да се појави страв од животни, сообраќај…
Околу третата година се јавува стравот дека ќе бидат отфрлени од своите родители, присутен е страв и од непознати врсници, непозната средина, промени на начинот на живот. Детските психолози препорачуваат децата да почнат во јасли или во градинка или пред да наполнат година или по третата година, бидејќи периодот меѓу втората и третата година е критичен, во таа насока.
Со полни три години се појавува стравот од казна. Тој е помалку забележлив ако таткото е вклучен во воспитувањето, а и ако не се гуши детското јас (детето мора да ги искаже своите емоции и трпение)
Од три до пет години децата почнуваат да се плашат од темницата, осаменост и затворен простор. Токму во овој период, родителите обично заклучуваат дека децата веќе не се толку мали за да спијат со нив, па го префрлаат во друга соба и откако ќе му посакаат добра ноќ ја затвораат вратата и го гасат светлото.
Ова ги погодува децата, бидејќи точно во тој период ги проектираат дневните стравови како: страв од Баба Рога, измислени чудовишта, духови или страшни животни кои обично се или под кревет или во орман.
Помеѓу шестата и седмата година се појавува страв од смрт. Во овој период кај децата се формира чувството за време и простор, се појавува концептот на живот, сфаќаат дека никој не живее вечно, дека луѓето се раѓаат и умираат и тоа се однесува на неговото семејство.
Со седум и осум години, старите стравови се ублажуваат, но се појавуваат нови. Децата почнуваат да се плашат од неодобрувањето на родителите, дека нема да се исполнат нивните желби и очекувања. Се раѓаат стравови врзани за училиште, страв дека ќе задоцнат или ќе добија лоша оценка.
По осум години, децата најмногу се плашат од смрт на своите родители.