ЈАНА БУРЧЕСКА: Ќерка ми Дона е прав борец против фашизмот

Добивај вести на Viber

И да не се случеше објавата за мојата бременост и запросувањето, истите луѓе ќе најдеа нешто друго за што ќе коментираат. Не можеш секому да се допаднеш и тоа е многу природно. Единствено нешто од кое бев запрепастена е способноста некој да упати толку подли пораки за толку убава вест, а уште полошо, имаше коментари кои се однесуваа на тогаш нероденото дете, вели Бурческа Македонија догодина можеби нема да учествува на Изборот за песна на Евровизија која по 63, пат, од 8 до 12 мај ќе се одржува во Лисабон, Португалија. Причината е неподмирен долг кој Македонската Радио-телевизија (МРТ) го има кон Европската радиодифузна унија (ЕБУ) за годишната членарина. Во разговор за Женски Магазин, оваа можна санкција на ЕБУ ја коментира Јана Бурческа, ланската македонска евровизиска претставничка. Пред неполн месец, Јана и нејзиниот сoпруг Александар станаа родители на малата Дона, која сосема случајно го носи името на песната на нашата прекланска евровизиска претставничка Калиопи. „Она што овие денови е актуелно е веста која тврди дека Македонија го губи правото да учествува на Евровизија поради долгови кон ЕБУ. Искрено се надевам дека ова прашање брзо ќе се реши затоа што без разлика на досегашните резултати, Евровизија е одлична можност нашата земја да се претстави пред европската јавност со својата култура и креативни капацитети, како и простор нашите изведувачи да стекнат поширок публицитет и контакти за надградување на своите кариери“, ни изјави Јана и продолжи со одговор на прашањето: има ли рецепт за Македонија конечно да влезе во финале на Евросонг? [caption id="attachment_3760" align="aligncenter" width="640"] Идејата да објавам дека сум бремена на Евросонг беше на тимот од МРТ, а реализацијата заедничка, секако. - Јана Бурческа[/caption] „На оваа тема многу сум размислувала анализирајќи ги туѓите искуства и своето. Дефинитивно не постои некаков стандардизиран рецепт“, додаде пејачката. Светот на Јана, сега се врти околу ќерката Дона, која е стара три недели. „Наша Дона (но не како Дона на Калиопи – станува збор само за прекрасна случајност) се роди со првите пушки, на 11 октомври, како прав борец против фашизмот, што значи има неполн месец. Цела е на тато! Породувањето помина одлично, како по книга, благодарение на стручниот тим на којшто ја доверив бременоста. Бебето прв пат го видов веднаш по раѓањето и во моментот само помислив „бебе, животче“ што веројатно беше начин на воодушевување на начинот на кој природата не скроила нас жените. Немав многу време да размислувам бидејќи кратко по тоа примив анестезија за да се премине на последната фаза од процесот“, ни раскажа Јана за првите мигови поминати со Дона. За тоа како млади родители таа и Александар се снаоѓаат со обврските околу бебето, таа одговара духовито. „Како за сефте родителi се разбира дека бевме прилично смотани, најпрво. Но, помина доволно време, а и имавме стручна обука од баба и дедо, па сега одлично се снаоѓаме и сами. Најмногу ни помага Дона бидејќи е многу умна и ноќе спие дури и по 6 часа. Срце мајкино!“, вели Јана. Дека е бремена, таа објави на многу специфичен начин, пред милионски аудиториум. За време на видео претставувањето на нејзината песна „Dance Alone“ пред настапот на Евросонг лани во Киев, на крајот од видео приказната се појави снимка на Јана кај својот гинеколог, кој на ехо преглед и го покажуваше бебето. „Идејата беше на тимот од МРТ, а реализацијата заедничка, секако“, вели Бурческа. Потоа, за време на гласањето, нејзиниот сегашен сопруг Александар Филиповски кој е гитарист во нејзиниот бенд „Оф битс“ ја побара за жена, повторно пред камерите. Следеа низа позитивни, негативни и сеирџиски коментари, најмногу на социјалните мрежи. Младата пејачка вели дека дел од нив многу ја повредиле. „Овој тип на коментари ги очекував во секој случај. И да не се случеше објавата за мојата бременост и запросувањето, истите луѓе ќе најдеа нешто друго за што ќе коментираат. Не можеш секому да се допаднеш и тоа е многу природно. Единствено нешто од кое бев запрепастена е способноста некој да упати толку подли пораки за толку убава вест, а уште полошо, имаше коментари кои се однесуваа на тогаш нероденото дете. Тоа за мене е нечовечки и секако дека ме погоди“, вели Бурческа. Во кус одговор, таа откри мал дел од нејзината љубов со таткото на Дона. „Со Александар сфатив дека времето не е важно. Долго се познаваме, но кратко сме заедно како двојка. Важно е дека се случи љубов и тоа е тоа. Свадбата беше во август во Вила Веранда и си поминавме прекрасно“, изјави Јана. [caption id="attachment_3759" align="aligncenter" width="640"] Наша Дона (но не како Дона на Калиопи – станува збор само за прекрасна случајност) се роди со првите пушки, на 11 октомври, како прав борец против фашизмот. Цела е на тато.[/caption] Иако мајчинството сега е нејзина главна преокупација, пејачката размислува за денот кога ќе и се врати на музиката. „На музиката се разбира дека ќе се вратам. Или уште подобро, ќе се вратиме, фамилијарно. Родителството верувам дека многу ќе не инспирира, а веќе и ја одржувам вокалната кондиција пеејќи и на нашата Дона. Композиторскиот тим на Dance Alone е добро расположен за понатамошна соработка што е уште една одлична опција.“, завршува Бурческа. За Женски МагазинМилица Џаровска Фотографија: Ани и Дими Преземање на текстот е можно само со дозвола од редакцијата на Женски Магазин