ЈА ПОДГОТВУВА ЌЕРКА СИ ЗА ОСАМОСТОЈУВАЊЕ: И дава по 7 долари, но што прави таа со парите?

Добивај вести на Viber

Есенс Еванс  е Американката која поттикна реакции со објавата на Фејсбук во која раскажува на кој начин ја подготвува својата петгодишна ќерка за натамошниот живот. Оваа жена на својата ќерка секоја недела и дава џепарлак од 7 долари. Но, од тој износ и зема пет долари за станарина и сметки на ќерката која е мала. „Оваа стратегија не само што го подготвува вашето дете за вистинскиот живот, туку, кога ќе откријат колку се сметките, ќе ценат што сте им дале толкав попуст“ - напиша Есенс на Фејсбук. По ова имаше многу критики, но и позитивни коментари. Дел од луѓето кои ова го прочитаа сметаат дека детето треба да ужива во детството без да мисли на сметки.