Џиjан Емин-Џин на звукот во Македонија: Се уште сум на прва борбена линија

Добивај вести на Viber

Би препорачал на публиката  да се опушти и да ужива во она што сме  го подготвиле за нив со надеж дека ќе им се допадне. Ве чекаме на Neuland Sensorium, порачува Џијан Емин. На 25ти ноември ќе се одржи несекојдневниот Neuland Sensorium настан во Мала Станица, каде македонската публика ќе има чест да ужива, покрај другите уникатни доживувања и во вашата музика. Како вие ја доживувате музиката? ЏЕ: Пред некој ден констатирав дека всушност ова е мој прв солистички настап во Македонија. Драго ми е што се случува на вакво високо ниво, со голем оркестар и врвна техничка продукција, како дел од проектот Neuland во Македонија. Музиката секогаш ја доживувам различно во зависност од самата музика и она што таа го кажува, дали носи некаква порака, дали има суштина и живот во идејата. Секако уште многу други фактори и аспекти одлучуваат за тоа како ќе доживеам одредена музика. Покрај тоа што сум професионален музичар цел живот, се уште можам да слушам музика како обичен слушател и тоа е за мене голема среќа, бидејќи успевам да се радувам на добра музика и да се препуштам на чувствата и енергијата кои таа ги носи. Сакам да кажам дека едноставно се уште можам да си дозволам да уживам во музика, музика која истовремено можам да ја чувствувам, вкусам и слушнам, а токму тоа ќе се обидеме и да го направиме и за сите гости на Neuland Sensorium оваа сабота. Повеќе прочитајте во интервјуто објавено на Фактор.мк овде.