Дали е безбедно да се отстрани мувлата и да се изеде остатокот од храната

Добивај вести на Viber

Некои видови содржат микотоксини, отровни супстанции кои предизвикуваат алергиски реакции и респираторни проблеми. Дали некогаш дојдовте во искушение да изедете некоја намирница која фатила мувла на врвот, откако го извадивте делот кој ја променил бојата? Еве што мислат експертите за тоа…

Најпрво треба да имате на ум дека разнобојни површини на мувлосана храна –како зеленкасти крупни точки на леб или кафеави површини на старо овошје, се видливи со голо око. Остатокот од мувлата, неговите „гранки“ и корени, тешко се гледаат бидејќи главно се подлабоко во храната. Значи, отстранување на делот кој ја променил бојата нема да ве поштеди од внесување на габи во организмот.

„Поголем број на видови мувла е безопасен, но има и опасни видови“, истакнува Надин Шо, специјалист на американскиот Департмент за агрикултура. Некои видови содржат микотокисини, отровни супстанции кои предизвикуваат алергиски реакции и респираторни проблеми. Посебно опасен е афлатоксинот, за кој е утврдено дека предизвикува рак, објаснува Шо.

Микотоксините можат да се најдат пред сѐ во мувлата која расте на житарици и коскени плодови, но се јавува и во сокот од грозјето, целер, јаболка … Најмногу го има во пченка и кикиритки, според американската администрација за храна и лекови. За да ја спречите појавата на мувла, Шо советува да ја покриете храната како не би дошла во контакт со бактерии од воздухот, правилно да ја ставате во ладилник и остатоците од оброкот да ги искористите најдоцна до третиот, четвртиот ден откако е направен.