Дигиталното банкарство на УНИБанка е само на неколку клика

Добивај вести на Viber

УНИБанка постојано ги оптимизира своите производи и услуги во контекст на вонредната состојба и ширењето на коронавирусот (КОВИД-19) и процесите што произлегуваат. Повеќе од една четвртина век, Банката е лидер во електронските плаќања и иновативните технологии, нудејќи сигурно, брзо и достапно дигитално банкарство на своите клиенти.

За да одговориме на предизвиците и ситуацијата со кои сите ние сме соочени, нудиме неколку совети кон Вас за банкарство од далечина:

1.Активно користете го електронското банкарството на УНИБанка и мобилната апликација My Unibank. Со нив можете да ги плаќате Вашите денарски трансакции без провизија, да ги плаќате сметките за комунални услуги и да управувате со Вашите кредитни и дебитни картички. Со оглед на препораките на Светската здравствена организација и органите на јавното здравство, по овој начин ќе избегнете напуштање на својот дом, контакт со групи на луѓе во градскиот превоз и најмалку 10 лица - клиенти и вработени во експозитурата.

2.Користете ги бесконтактните начини за плаќање понудени од УНИБанка - со бесконтактните картички Mastercard и Visa и со Mastercard стикер картичката залепена на Вашиот мобилен телефон или таблет. На овој начин ќе го намалите и ризикот од зараза, пренесена од физички банкноти.

3.Кога аплицирате за некој кредитен продукт на УНИБанка, препорачуваме тоа да го направите на нашата веб-страница https://e-unibanka.mk/online/или на посебната форма во мобилното банкарствоMy Unibank.Кредитниот калкулатор ќе ви овозможи да направите отворена пресметка по Ваша мерка.

Со цел да го подобри искуството на клиентите, УНИБанка ќе ја продолжи својата тенденција да нуди иновативни производи и услуги и да ги адаптира постојните спрема ситуацијата и потребите на општеството и бизнисот. За нас отсекогаш била од огромно значење  беспрекорната услуга на нашите клиенти, затоа Ве молиме трпеливо да го почекате вашиот ред како пред нашите експозитури, така и на телефонските линии на Банката.