(ФОТО) Фустан и чизми: Совршена есенска комбинација
Понекогаш ни треба „само“ ова: удобно, едноставно и
ефикасно. Сите три барања што
ги наведовме може да се постигнат со помош на овие две парчиња облека.
Тоа е спарување што е клучно за временските услови во кои се наоѓаме во моментов, а исто така е и најлесната комбинација на облека кога нашата креативност не е на завидно ниво.
Обичен фустан, без разлика дали е цветен, со принт или еднобоен и чизми - по можност мартинки, каубојски, плисирани или гумени, се главниот адут на стајлингот во тековната есенска сезона.
Фустаните со средна должина се одат одлично со чизми до колена, додека подолгите - макси фустаните изгледаат одлично во комбинација со модели до глуждот.
Оваа облека е совршена рамнотежа помеѓу секојдневното и модерното.
Фото: Инстаграм
Можеби ќе ве интересира: