Моден фокус // Трендови
(ФОТО) Висока или ниска потпетица: Пастелните чевли се незаменлив летен тренд
Пастелните нијанси се секогаш ИН во текот на топлата сезона од годината
А токми за оваа летна сезона, моделите на чевли на висока и ниска потпетица, со шпицести врвови, отворени прсти или пак ремчиња се инспирација и за модните дизајнери, кои ги вклучија во своите колекции обувки. Од Викторја Бекам, па се до Валентино и Џамбатиста Вали, пастелните нијанси доминираат на модната сцена.
Предноста на овој тип чевли е што одлично се вклопуваат во монохроматски и минималистички комбинации, но нема да погрешите и во комбинација со фармерки или пак кратки шорцеви.