Градинката Литл Ми го одбележа Денот на јаболката правејќи интересни и декорирани јаболки наменети за родителите.

Добивај вести на Viber

Утрински, родителите беа пречекани со убави, здрави есенски јаболки и прекрасни совети и идеи како на здрав начин да го започнуваат секој ден!

Дали знаете дека јаболката секогаш спаѓа во првите топ четири овошја во светот и е најраспространето овошје што се одгледува во Македонија?

Исто така, важи и за една од најздравите намирници што треба да ги имаме на нашата трпеза во текот на целата година. Јаболката со нејзиниот освежителен слатко-кисел вкус е особено потребно да се внесе во исхраната кај децата поради бројните придобивки.

Една стара изрека вели „Една јаболка на ден го држи лекарот подалеку“, но ајде убаво да ја разбереме и сфатиме моќноста на оваа реченица зошто е важно децата да јадат барем по една на ден.

Јаболката е богата со витамин Ц, витамин А и содржи антиоксиданси што ги зајакнува имунолошкиот систем и коските кај децата. Го помага варењето на храната, го штити срцето и крвните садови.

Ова овошје е супер храна за мозокот што ја поттикнува концентрацијата. Содржи пектин и здрави јаглехидрати. Прави да имаме прекрасна насмевка со побели и поздрави заби. За поголема издржливост кај децата пред физичка активност добро е да изедат јаболка.

По повод Светскиот ден на јаболкото - 21 октомври, приватната детска градинка Литл Ми утрото го започна на еден интересен и креативен начин со јаболки за децата и нивните родители.

Праксата за утринско јадење јаболко или друг вид овошје во Литл Ми е секојневна во вид на предоброк пред појадокот. Многу утринско свежо овошје и пиење свежа вода се најголемите благодети со кои треба да отпочне секој ден.

Со кратка забавна едукација, Литл Ми го одбележа Светскиот ден за подигнување на свеста за редовно консумирање на јаболка и практикување здрави навики.

Литл Ми е градинка во која се учи низ игра, пријатно место каде се стекнуваат првите другарчиња, се учи да се сакаат луѓето и природата, но претставува и установа што овозможува врвен стандард во поглед на квалитетна воспитно-образовна работа.

Исхраната богата со витамини и минерали е неопходна за правилен раст и развој кај децата. Како што тие растат, мора да им воведеме исхрана со хранливи материи за да бидат здрави и силни. Да им овозможиме на нашите деца да се чувствуваат здраво, подобро и посреќно, здравите навики се пренесуваат и преку родителите. Ајде, да ги поттикнеме дечињата на здрави навики уште од најрана возраст. Првиот чекор е да го почнеме денот со една јаболка наутро, затоа што тоа е клучот за добро здравјe!

Пр објава