Инспектор Јосип, мускулестото момче на Данијела Мартиновиќ: Хрватките го нарекуваат „какав мачак“

Добивај вести на Viber

Откако ја раскинаа повеќедецениската врска со пејачот Петар Грашо кој неодамна се ожени и стана татко, Данијела Мартиновиќ среќата ја пронајде покрај згодниот инспектор Јосип Плавиќ. Нивната врска трае од минатата година, откако адвокатот на Данијела пријави случај на кражба на идентитет.

Педесет и едно годишната пејачка Данијела Мартиновиќ го направи познат инспекторот кој стана популарен откако јавноста дозна за нивната врска. Многумина беа воодушевени од неговата и романсата на Данијела, но и од неговиот изглед.

Имено, Јосип доби премногу комплименти поради неговиот физички изглед, поточно поради мускулестите раце на последната објава на пејачката на својот Инстаграм.

Неодамна за медиумите таа изјави:

-Јосип и јас сме повеќе од убава двојка. Но, кога станува збор за мојот приватен живот, не сум навистина навикната да зборувам за тоа, но навистина сум исклучително среќена. Јосип е моето пристаниште, изјави таа.


Фото:DanijelaMartinovik/instagram/24rsarhiva