LUSH MACEDONIA ги има најдобрите производи за ова лето
Кога сонцето сјае нема ништо подобро од тоа да сте надвор и да ги впивате позитивните вибрации. Уживајте под сончевите зраци и најдете ја совршената заштита за вашата кожа, која ќе ве штити и ќе ја остави во одлична состојба. Водењето грижа за вашата кожа никогаш не излегува од мода. Трендовите доаѓаат и си одат, но здравата и негувана кожа е секогаш ин.
Lush е секогаш тука за вас, па за овие топли денови ви го нуди Sunblock како брзо и едноставно решение. Путер за тело со заштитен фактор 30, богат со фер тргуван органски какао путер и органско масло од сусам кои ќе ја остават кожата нахранета и омекната додека каламин пудрата, маслото од сина камилица и ружите ќе ги смират црвенилата. Одлична комбинација на состојки кои се борат со UVA и UVB зраците. Земете само една третина од плочката, нежно протријте ја на влажна или сува кожа, исплакнете се и бидете спремни за топлите денови.
Како дополнителна нега за после сончање тука е вашиот животен партнер за чувствителна кожа Dream Cream. Смирувачка крема која е направена да одговара и на најчувствителните типови на кожа. Елегантна, едноставна формула која содржи само состојки кои што ќе и помогнат дури и на изгорена, лесно раздразлива кожа. Овесот со векови наназад се користи за да ја смири иритираната и оштетена кожа, па токму поради тоа избравме овесното млеко да биде основата на оваа крема.
Потоа додадовме ружина вода, маслиново масло и растителен глицерин. И на крај за терапевтски ефект на кожата додадовме мешавина од етерични масла: апсолут од ружи, сино масло од камилица, чајно дрво и лаванда. Цело ова богатство од состојки ја прави да биде одлична за после сончање, за третирање на псоријаза и егзема, а исто така е одлична и за најмалите и најмилите
Sea Vegetable - сапун за тело и раце со морски алги богати минерали, маслото од лаванда делува како антиспетик и смирува, морската сол ексфолира а хранливата морска трева араме ја омекнува и негува кожата.
The Big Sleep - шумлива желе купка за во када со камилица која ја смирува кожата и умот, додека нероли помага да се чувствувате ведро. Одличен избор за да потонете во длабок и мирен сон.
Creamy Candy - пенлива купка за сите кои сакаат мирис на слатки колачиња со ванила. Слаткиот мирис на шеќерна волна ја крева енергијата и расположува. Дава екстра хидратација бидејќи содржи бадемово масло, есенцијално масло од ванила и парчиња какао путер кои се растопуваат во водата давајќи и свиленкаста текстура на кожата.