Сведоштво на Игор Ангелов од Украина за Струмица денес: На работа не одиме, леб не успеавме да купиме…додека го пишувам ова пред малку слушнавме уште еден удар

Добивај вести на Viber

фото:twitter.com/Sara_Cincurova

Утрово Русија започна воен напад врз Украина, луѓето во страв и паника бегаат од Киев,  се гледаат долги, километарски колони автомобили кои го напуштаат главниот град на Украина. Луѓе се кријат во метрото во Киев, масовно купуваат карти да го напуштат градот.

    Украинските власти веднаш прогласија вонредна состојба и повикаа граќаните да останат смирени и во своите домови.

    Во селото Зазимија кое спаѓа во Киевската област, се наоѓа Игор Ангелов од Македонија кој е оженет за Украинка од 2014 година. Во продолжение ви пренесуваме дел од сведоштвото кое тој го даде за порталот Струмица Денес:

    „Ќе гориме во пеколот. Утрово свиреа сирени. Живееме на 23км од центарот на Киев и се слушнаа два силни удари. На работа не одиме, леб не успеавме да купиме…купив брашно и квасец и неколку литри млеко. Струја и плин засега имаме, ќе видиме само до кога. Додека го пишувам ова пред малку слушнавме уште еден удар, прозорците се затресоа. По мое ноќеска би можело да биде поопасно.“

    Игор Ангелов за Струмица Денес вели дека неговите во Македонија се многу исплашени. Тој изјави дека до аеродромот нема опција како да се стигне, бидејќи е блокиран патот помеѓу Бровари-Киев. 

    извор:strumicadenes.mk