„Најголемата загуба ми стана адут“: Преку ноќ ги загуби двете нозе, па постигна неверојатни цели

Добивај вести на Viber


Таа преку ноќ ги загуби двете нозе и постигна неверојатни цели

45-годишната Ејми Перди доживеала нешто што повеќето од нас не можат ни да го замислат – таа ги изгубила двете нозе преку ноќ.

Ејми имаше 19 години кога се започна со симптоми слични на грип. Но, нејзината состојба наеднаш се влошила и доживеала септичен шок, поради што итно била пренесена во болница. Менингококниот менингитис предизвикал откажување на повеќе органи во нејзиното тело, а и била прекината циркулацијата на нејзините екстремитети.

На нејзините родители во болницата им било кажано дека Ејми има помалку од два отсто шанси да преживее. Преживеала, но не без оштетување на телото. Мораше да и бидат ампутирани двете нозе под коленото. И ја отстраниле слезината и двата бубрези, а таа го изгубила слухот на левото уво. Таа од нормална, безгрижна 19-годишна девојка стана некој кој зависел од апарати и дрога за да преживее.

Од трагедија до успех

Со оглед на тоа што целото нејзино семејство се занимаваше со скијање, Ејми од 15-годишна возраст ја насочи целата своја страст на сноубординг. Така и се случи нешто незамисливо, остана без двете нозе, но Ејми си постави цел: што поскоро да се врати на сноубордот, на снегот и на натпреварите. На 21-годишна возраст, нејзиниот татко донираше бубрег, а само неколку месеци по трансплантацијата, Ејми за прв пат се качи на даската.

„Она низ кое поминав беше толку ужасно што не можев да замислам како некогаш ќе можам да живеам со протетиката што ми ја дадоа. Но, сфатив дека ако сакам некако да продолжам со мојот живот, морам да откријам нова Ејми и почнав да ја пишувам мојата книга. Се видов себеси како грациозно чекорам, им помагам на многу луѓе и, пред сè, повторно сурфам. Сфатив дека мојата најголема загуба (нозете) стана моја најголема предност“.

Наскоро таа почна да се натпреварува во параолимписки сноуборд со протетички нозе и освојувајќи медали. Во 2005 година, таа и нејзиниот сопруг ја основаа организацијата Adaptive Action Sports, која ги поддржува лицата со телесен инвалидитет во спортот, особено во сноубордот. Во 2014 година, како прва параолимписка натпреварувачка, таа учествуваше и во исклучително популарното ТВ шоу Танц со ѕвездите, каде го постигна вториот најдобар резултат на крајот од сезоната. Во 2018 година учествуваше на Параолимписките игри во Јужна Кореја, каде освои сребрени и бронзени медали.

Фото:Инстаграм