„Не наседнувајте на сликата на наивната Шарлин, таа е сила која никој не треба да ја потцени“: Се огласија пријателите на принцезата

Со денови кружат шпекулации за лошата здравствена состојба на принцезата Шарлин, а нејзиниот сопруг отворено признал дека таа се бори со „ментални здравствени проблеми“, но и со голем физички и духовен замор. И додека Шарлин се лекува во Монако, најверојатно во некоја од специјализираните приватни швајцарски клиники, медиумите се обидуваат да ја расветлат мистеријата што ја опкружува речиси една година.

Имено, голем дел од јавноста не верува во официјалните тврдења на монегашкиот суд и дека Шарлин има само здравствени проблеми, туку сметаат дека стојат сериозни проблеми зад нејзиниот брак со Алберт од Монако. 

Затоа и не е ни чудо што магазинот „Татлер“ ѝ ја посвети јануарската корица на оваа принцеза, со коментар дека „во нејзиниот живот има повеќе драма отколку во сапуница“.

Во документарниот филм кој следи како Шарлин од јужноафриканска олимпијка стана принцеза од Монако, нејзините неименувани познаници ги споделија своите впечатоци за тоа каква била во младоста. Тие ја опишаа како „амбициозна пливачка“ која е решена да биде најдобра во својот спорт и „сила што не треба да се потценува“.

Колегите пливачи ја паметат Шарлин во младоста како амбициозна, фокусирана и посветена спортистка. Рекоа дека времето го поминувала во вежбање додека другите деца си играле и дека била строга кон себе кога немала добри резултати, пренесува „Дејли мејл“. Од друга страна, додаваат, таа била „шашава, никогаш осамена и добра пријателка“.

Еден од изворите исто така истакна дека перцепцијата на јавноста е дека Шарлин е „наивна“ и дека е заробена во несреќен брак со Алберт. „Во ниту еден момент не помислив дека таа не знае што прави кога се омажи за него“, рече тој.


Исто така, изворите истакнаа дека Шарлин не е „тип на личност што кралското семејство на Монако слепо би го контролирало“.

„Шарлин не е принцезата Дијана. Можеби изгледа крајно наивно, но тоа не може да биде подалеку од вистината. Таа е многу добра во прикривањето колку е паметна", велат тие.

Од друга страна, неодамна се огласија нејзините сегашни пријатели кои нагласија дека официјалниот суд „ги намалува здравствените проблеми“ на принцезата Шарлин. Рекоа и дека изгубила половина од тежината. 

„Неправедно е таа да се прикажува како да има некаков ментален или емоционален проблем. Не знаеме зошто палатата крие дека таа за малку ќе умрела во Јужна Африка“, рекоа луѓе блиски на Шарлин за „Page Six“.


Фото: Профимедиа

Шарлин од Монако: Како и зошто го доби прекарот - „најтажната принцеза во светот“?